Педијатрите апелираат до родителите: Изнесете ги децата на снегот, не ги чувајте во соба
Многу родители периодов се во дилема дали своите деца да ги пуштат надвор на снег, или пак да ги затворат во соба.
Педијатрите се едногласни кога е во прашање оваа тема, и апелираат до родителите да ги пуштат надвор своите деца, за да уживаат на снегот.
Ако вие го научите детето од мали нозе да издржува ниски температури и студен воздух, детето ќе го практикува тоа и понатаму, односно неговиот центар за терморегулација ќе знае соодветно да реагира на ниските температури, велат педијатрите.
Децата треба да излегуваат надвор, без разлика на овие ниски температури. Во сите европски земји, вклучувајќи ги скандинавските, кои се најтипичен пример, се препорачува секое бебе да излезе надвор минимум еден час сè до температура од -23 степени.
Ако е зима, а воздухот е чист, тогаш е добро бебињата и децата да престојуваат надвор. Доволно е да бидат добро облечени, заштитени.