Тенисот станува се популарен спорт во земјава!
Некако ненаметливо, но очигледно е дека тенисот станува се популарен спорт во нашата земја. Голем број деца тренираат, дел рекреативно, но значаен број и професионално. Една од причините за ова е ентузијазмот и стратегијата на Тениската Федерација на Република Северна Македонија која организира бројни кампови, едукации и секако организира бројни домашни, но и интернационални ИТФ тениски натпревари, за деца и младинци, но и за возрасни. На големо задоволство на сите нив, токму летниве месеци, јуни и јули, Скопје ќе биде во знакот на тенисот. Ќе се организираат неколку релевантни тениски натпреварувања.
Нашата федерација веќе го организира професионалниот турнир за мажи со награден фонд од 25.000 УСД кој е до 12 јуни (ITF MEN’S WORLD TENNIS TOURS M25), па следат професионален турнир за мажи со награден фонд од 15.000 УСД во период од 13-19.06.2022 (ITF MEN’S WORLD TENNIS TOURS M15 – Skopje).
А во период од 4-10 јули ќе се одржи и Светското екипно првенство за Жени, за регион Европа и Африка, група 3.
Тоа ќе биде одлична можност за сите љубители на тенисот да гледаат во живо врвен тенис, а за младите поттик за да научат нешто ново.
Токму затоа сакаме да потсетите, зошто е добро да се тренира тенис. Особено значајна за време на тинејџерскиот период, поради стекнување на здрави и нормални навики, за физичкиот и психичкиот развој на децата и младите.
Децата кои уште од најрана возраст се занимаваат со некаков спорт полесно развиваат самостојност, одговорност и концентрација. Веќе од 6-тата до 9-тата година децата се веќе подготвени за организирана активност, па експертите препорачуваат спорт како тенис
Ова се 5 топ причини поради кои вашето дете треба да игра тенис
– Зајакнување на самодовербата
На теренот, децата учат да бидат самоуверени. Гледајќи дека нивниот напорен придонес донесува резултати, тие во својата глава создаваат поголема самодоверба за следните настани. Кога ќе остварат една цел, тие се подготвени да постигнат се’ што можат да замислат во периодот на своето усовршување.
– Тенисот помага при развивање на лидерски способности
Тенисот како индицидуален спорт не е лесен спорт. Притисокот е на поединецот! Победа или пораз, лично ја сносиш одговорноста. Но токму тоа потиткнува желба за повеќе, те тера да сакаш повеќе, и да ги развиваш своите лидерски способности.
– Природно се ослободуваме од стресот
Играта треба да с есфати како забава. Тренингот како начин да се ослободите од вишокот на енергија и црните мисли. тенисот помага за олабавување од секојдневните проблеми и големата доза на стрес. Допринесува при формирање на врски и пријателства, кои подоцна ќе бидат клучна поддршка за секој поединец.
– Децата стекнуваат здрави животни навики
Редовните физички активности ја подобруваат кондицијата на детето и му помагаат да остане во форма. Тоа е најважната работа за да се остане на вистинскиот пат.
– Тенисот е интересен
Вашето дете ќе биде дел од група која има исти интереси и цели во животот. Забавата е секогаш дел од натпреварувачките дуели.
Можеби звучи необично, но истражувањето покажува дека играњето тенис може да биде најздраво за вашето здравје од сите останати спортови.
Редовното играње тенис може да ви го продолжи животот и до десет години, што е повеќе отколку возење велосипед, пливање, трчање…
Британскиот „Дејли мејл“ пишува дека тенисерите и тенисерките можат да живеат во просек од 9.7 години подолго од некој кој не вежба, а добро котираат и играчите во бадминтон (6.2 години) и фудбал (5 години). Велосипедистите живеат во просек по 3.7 години подолго, додека пливачите 3.4 години, а оние кои се занимаваат со трчање – 3.2 години.