Разиграност, возбуда и многу позитивна енергија на “Детската трка на Виталиа” во Градскиот парк
Виталиа ги оправда очекувањата на 1200 деца пријавени на Детската трка што се одржа во Градскиот парк но и на сите присутни што ги поддржуваа дечињата на овој настан. Паркот беше полн со забава, смеа и детска радост а сите учесници добија и пакети од производите на Виталиа.
“Се надеваме дека на овој начин дадовме добар пример како една компанија треба да ја развива својата општествена одговорност и да поттикнува здрави навики од најмала возраст. Бевме пријатно изненадени од големиот број на пријавени, но особено сме задоволни што имаше голема посетеност и присуство на настанот. Како што и најавивме, би сакале овој настан да прерасне во традиција.” – изјавија од Виталиа.
Трчањето за децата во оваа ера на дигитализација, денес, не само што е забавна активност, туку е и неопходност. Здравиот начин на искрана во комбинација со физичка активност е сигурен рецепт за добар раст и развој на децата. Иако трката се одржа во Градскиот парк во Скопје, меѓу пријавените и посетителите имаше од сите краишта на Македонија. Пораката одекна силно и всушност тоа и беше поентата на овој настан, да има само победници, а сите деца добија медали. Трката беше надгледувана од модератор и екипа од самата организација, кои им помагаа на малите натпреварувачи да се распоредат и да го најдат патот до целта.
Оваа иницијатива на Виталиа, го погоди сензибилитетот и очекувањата на своите корисници, ја постигна целта заеднички да се активираме, а истовремено понуди многу забава за сите присутни. Децата беа мотивирани, а на настанот беше забележителна разиграноста, раздвиженоста и целокупната активност на сите присутни. Важно е да се создаваат и негуваат здравите навики уште од најмала возраст, физичката активност е неразделив сегмент кога станува збор за здравјето и телото.