Најголемиот дел од граѓаните на Р. Македонија имаат став за референдумот

На  веб -страна на Радар.мк одговорија 1 230 испитаници

Најголем процент од анкетираните одговорија 76,36 % дека се информирани за референдумот, 7 % одговорија дека не се информирани, не ги интерсира темта дури 12.73 , %, а се уште градат став 3.64%

Анкета правеше и порталот Фактор:

На Фактор одговорија вкупно 3611 посетители на веб-страната.

Најголем процент од анкетираните (81%) одговорија дека се информирани во врска со референдумот, и дека имаат доволно информации за да изградат сопствен став по ова прашање. Само 10% од анкетираните покажаа индиферентност по ова прашање, сметајќи дека темата не ги интересира.

Од медиумите изјавуваат дека високиот процент на луѓе кои имаат сопствен став, е резултат на инволвираноста на граѓаните во општествените случувања во земјава. Дека тие не се рамнодушни по референдумското прашање, дека имаат став кој го имаат изградено по сопствено убедување, и врз основа на информациите кои ги имаат. Во целиот овој процес чувство на сигурност и доверба обезбедува ДИК државната изборна комисија, која ги спроведе сите неопходни активности со цел да се обезбеди фер и демократки процес на изјаснување по ова прашање.

Од ДИК потенцираат дека гласањето  е слободно и тајно, право на глас има секој полнолетен државјанин на Република Македонија што е запишан во избирачкиот список.

 

 

Translate »