„Вирусот задоцни на Балканот“: Германски „Шпигел“ со анализа за моќниот бран на Ковид-19 во земјите од регионов – која е причината?

Германските медиуми пишуваат за наглиот скок на бројот на заразени од коронавирусот на Балканот.

Германски „Шпигел“ се занимавал со порастот на заразени од коронавирусот на Балканот, па истакнал дека во Хрватска заразата пораснала за дури 232 отсто.

Весникот навел дека заразата во БиХ пораснала за 75, а во Србија за 125 отсто, со констатација дека подрачјето долго време било поштедено од коронавирусот, за заразата одеднаш да почне драстично да се зголемува.

Како што се наведува, Австрија во средата издала највисоко ниво на предупредување за патување во земјите од Западен Балкан, а министерот за надворешни работи Александар Шаленберг, изјавил дека е свесен за одлуката која што нималку не е лесна.

Германскиот весник пишува дека не може да се зборува за втор бран на пандемијата на Балканот поради тоа што, како што нагласуваат, истата пристигнала со ”задоцнување”.

Се наведува дека владите од земјите од Балканот рано ги вовеле рестриктивните мерки за сузбивање на коронавирусот, знаејќи дека имаат послаби здравствени системи и така долго време имаа мал број заразени луѓе од вирусот.

Меѓутоа, во претходните неколку седмици земјите од Западен Балкан имале притисок, од граѓаните, сопствениците на компании, но и изборите кои што беа или пак се закажани во дел од земјите, пишува весникот.

Веќе на почетокот на месец јуни почна големо ублажување на рестриктивните мерки, па во некои од земјите дозволени беа масовни собири, како фудбалски натпревари со околу 20.000 посетители кои што не ја почитувале мерката социјална дистанца.

Во последните три до четири седмици расте бројот на заболени и во Македонија, каде што според зборовите на новинарите, рестораните се полни до последно место, а луѓето се однесуваат како коронавирусот повеќе да не постои.

Весникот додава дека владата на Македонија одеднаш ги укина рестриктивните мерки затоа што се приближуваат изборите на 15-ти јули, а многу од луѓето се загрижени и за своите работни места.

Загрижувачки е и порастот на бројот на заразени во Хрватска и Словенија, каде што бројката речиси се удвои од претходната седмица.

И двете земји кои што зависат од туризмот ги отворија границите за туристите од ЕУ и тоа без тестови и карантини.

Translate »