Тереза Меј го преживеа гласањето доверба во Парламентот
Во тесен резултат со 325 гласа наспроти 306, британските пратеници ѝ изгласаа доверба на Владата на Тереза Меј, иако вчера во парламентот не помина нејзиниот Договор за Брегзит.
Ројтерс пренесува дека исходот значи дека Меј ќе продолжи со разговорите со сите страни со цел да постигне согласност во врска со процесот за излегување на Велика Британија од ЕУ.
Германската канцеларка Ангела Меркел ја исклучи можноста за нов договор, иако е отворена кон тоа на Британија да и се даде повеќе време за внатрешно да разберат што навистина сакаат.