Владата на Ципрас доби поддршка во Парламентот

Грчкиот парламент со 151 глас ѝ изгласа доверба на Владата на премиерот Алексис Ципрас. 148 пратеници гласаа против Владата, еден пратеник беше отсутен.

Ципрас го обезбеди потребното мнозинство со помош на шестмина пратеници: Спирос Данелис oд Потами;  четворица од партијата на Каменос, Василис Кокалис, Елена Кундура, Танасис Папахристопулос  и Костас Зурарис, како и независната пратеничка Катерина Папакоста.

Гласањето почна во 10.30 часот по обраќањето на премиерот Ципрас. Во врска со Договорот од Преспа, Ципрас рече дека неговата совест и патриотската должност му налагаат да ја iскористи оваа историска шанса да се реши проблемот со името со ФИРОМ и покрај политичката цена што ја плаќа.


Translate »