Загрижува ситуацијата на Балканот: Во БиХ повторно голем број на новозаразени, нови случаи бележи и Словенија

Нови 53 случаи на зараза од коронавирус биле потврдени минатите 24 часа во Босна и Херцеговина, објавиле во средата ентитетските заводи за јавно здравство и го потврдиле наглиот дневен раст на бројот на новозаразени. Во Словенија се забележани два нови случаи.

Лабораториите во БиХ тестирале 527 примероци при што 26 биле позитивни, а во Република Српска биле тестирани 299 лица и позитивни биле 27. 

Поединечно најголем број на заразени има во местото Котор Варош каде има 7 новозарзени, пет се од Зворник и 4 од Босанска Костајница.

Од крајот на мај, кога во БиХ се стабилизирала епидемиолошката ситуација, на дневна основа во таа земја продолжиле да бележат двоцифрени броеви на новозаразени и се појавиле неколку нови жаришта како Тешња, Модрича и Живаница.

Вкупниот број на заразени во БиХ од појавата на коронавируост се доближил до 2.800 со 156 смртни случаи. Властите засега не најавуваат повторно воведување на рестриктивни мерки, а од средата во Сараево целосно е оперативен и градскиот превоз.

Во Словенија две нови зарази во 24 часа

Во Словенија во последните 24 часа биле направени 738 тестови, а потврдени биле 2 нови случаи на коронавирус, објавила денес словенечката влада на својот профил на Твитер. Каде се забележани новите инфекции не било објавено.

Последната недела помали жаришта со потврдени случаи биле забележани во Марибор и Јесенице во две основни училишта.

Со двата нови случаи на зараза во Словенија досега се забележани вкупно 1.488 случаи на заболени од Ковид-19.

Translate »