Малески, Еленовски, Поповски и Старова на листата на ДУИ за шеф на државата, Зеќири со предлог да го додадат и Ѓорчев
Неколку кандидати за консензуален претседател се во игра за кои партијата на Али Ахмети дава поддршка. Пратеникот Реџаил Исмаили вчера во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат рече дека ДУИ застанува зад Денко Меалески, Лазар Еленовски, Владо Поповски и Луан Старова.
Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири по изјавата на Исмаили на Фејсбук коментира дека ДУИ кандидатската листа за шеф на државата треба да ја дополни со Влатко Ѓорчев.
– Консензуален кандидат за ДУИ да ти биле Денко Малески, Лазе Еленовски, па дури и Владо Поповски, не знам зошто на оваа листа не го додадат и Влатко Ѓорчев, напиша Зеќири.