Зошто и како е потребно да се внесуваат омега-3 масни киселини?
Омега 3 масните киселини го штитат вашето здравје. Помагаат во намалувањето на ризикот од појава на срцеви заболувања, депресија, деменција и артритис. Вашето тело може да ги создаде. Можете да ги внесете преку исхраната или да земате суплементи.
Но, кои се неговите конкретни здравствени предности и својства? Најзначајната состојка која рибиното масло го чини посебно корисно се омега-3-масните киселини, кои имаат особено поволно влијание на здравото функционирање на
кардиоваскуларниот систем,на мозокот, даваат поддршка на имунолошкиот систем,
делуваат антиоксидативно и го поттикнуваат метаболизмот на кожата.
Пред сé, рибиното масло е од голема полза уште пред да се родиме. Се препорачува и во исхраната на бремените жени заради одржување здрава бременост. Бројни научни испитувања покажуваат дека рибиното масло е особено значајно за развојот на мозокот на бебето. Постојат податоци за тоа дека децата, чиишто мајки консумирале рибино масло за време на бременоста како додаток во исхраната, имаат поголемо ниво на интелигенција и многу поретка појава на ментални недостатоци.
Рибиното масло дава енергија која го стимулира брзиот пренос на импулсите од една до друга клетка уште откако ќе се родиме. Тоа дава брзина на мислата, овозможува полесно складирање на податоците во меморијата и повторно преземање на податоците во зависност од потребата.
Утврдено е дека децата со послаба меморија може да имаат полза од земањето рибино масло како додаток во исхраната.
Слабеењето на краткотрајната меморија ја смалува способноста на детето да помни
важни информации и случувања. Ова, исто така, може да влијае на нивната
способност за учење нови нешта. Омега-масните киселини од рибиното масло
помагаат за нормално функционирање на мозокот. Утврдено е дека зголемен
внес на рибино масло ги зголемува когнитивните функции и ги унапредува мисловните вештини.
Со оглед на тоа дека рибиното масло помага во развојот на мозокот, тоа исто така,
може да помогне на дечињата кои се соочуваат со проблеми/пречки во учењето.
Недостатокот на концентрација во која било активност може да го забави
напредокот на детето. Голем број деца се соочуваат со лоша концентрација во
текот на учењето. Но, внесот на рибиното масло, според пропишани и препорачани
дози, може да ги подобри концентрацијата и учењето кај децата.