Водич за течна пудра што мора да го прочиташ
Постојат многу работи што треба да ги земеш предвид кога купуваш течна пудра: бојата, составот и покривноста. Ако ти изгледа како опциите да се бесконечни, не грижи се, ние ќе ти помогнеме со нашиот неопходен водич за течна пудра.
Како да ја најдеш најдобрата пудра за тебе?
Покривноста и
постојаноста се разликуваат во зависност од типот на кожата, затоа е важно да
го знаеш твојот тип кожа пред да купиш течна пудра.
Мрсна кожа
На мрсната кожа ѝ
одговара мат-течна пудра што овозможува од средна до висока покривност.
Контролирај го сјајот со течна пудра што ќе ја хидрира кожата на потребните
места, без зголемување на производството на мрснотии.
Сува кожа
Хидрирај ја сувата
кожа со хидратантна течна пудра со лесна покривност. Отстрани ги сувите дамки
со нежен хидратантен пилинг, пред нанесувањето течна пудра.
Нормална кожа
Ако имаш среќа да имаш
нормална кожа, нивото на покривност што ќе го избереш зависи од тебе. Зошто не
пробаш лесна течна пудра или ББ/ЦЦ-крем. Нанеси сјаен серум под неа за блескав
изглед.
Кожа што старее
Тешките производи или производите на база на пудра може да се наталожат во брчките и да го влошат нивниот изглед. Наместо тоа, користи течна пура со лесна покривност, која е богата со антиоксиданти што целат на твоите проблеми со стареењето. Нијансираните хидратантни кремови се еднакво добри.
Три совети за беспрекорно нанесување (секојпат)
- Секогаш нанесувај течна пудра на добро хидрирана кожа, а ако твоите
производи не содржат СПФ, нанеси крем за сончање под пудрата.
- Нанеси ја течната
пудра на еден од трите начини: ако ја нанесеш со прстите, притисни ја пудрата
во кожата, наместо да ја триеш. Доколку претпочиташ да користиш сунѓерче, врти
го сунѓерчето по кожата, за да ја изедначиш. Ако користиш четка, нанеси ја
пудрата со кружни движења.
- Почни со нанесување течна пудра околу носот, бидејќи тука има најмногу црвенило. Не нанесувај ништо под очите (користи лесни производи на оваа нежна кожа) и секогаш, ама секогаш, добро изедначи на вилицата.