Најубавата шума на светот изгледа како сцена од бајка
Кога ќе ја погледнете една од најубавите шуми на светот, најпрвин ќе помислите дека станува збор за фотошоп – но тоа не е вистина.
При првиот поглед на шумата Отзарета во Шпанија ќе ви застане здивот бидејќи делува како вистинска сцена од бајка. Црвените листови, зелените дрвја и сината боја на потокот делуваат како насликани на платно.
Ова богатство на природата е дел од Националниот парк Горбе, кој е заштитен со закон, а се наоѓа во Баскија, помеѓу областите Алава и Визкаја. Станува збор за највисок парк на природата во овој дел од земјата на површина од околу 20 илјади хектари.
Паркот го добил името по планинскиот врв Горбе кој се наоѓа на 1.482 метри надморска висина, а шумата Отзарета ја сочинуваат стари дрвја низ кои протекува кристално чист поток, а атмосферата исполнета со магла ѝ дава мистична нота.