Цаци Додевска-секоја жена треба да користи козметика според карактеристиките на својата коса

Краток разговор за нега и убавина со Цаци Додевска – професионален фризер, фризерски салон Цаци Стајлинг, Ново Лисиче, Скопје

  1. Што е потребно, за да се одржи континуиран развој во една професија?

Успехот се постигнува со многу посветеност на професијата, континуирано учење, следење на нови трендови, обуки, семинари и секако користење на квалитетна козметика за правилна нега на косата.

  • Колку долго се занимавате со оваа професија?

Во оваа професија сум повеќе од 15 години. Од ученик па се до денес, целосно сум посветена на работата и на моето професионално надградување. Искуство се стекнува со напорна работа, обуки, усовршување и секако преку разговор со клиентите. Ултимативна цел е да имаме што поголем број на задоволни клиенти, бидејќи тоа е крајна потвтрда дали работиш добро или не. Кога клиентите ти оставаат слобода, имаат доверба во тебе, кога повторно и повторно се враќаат во салон, тоа значи дека добро си ја работиш својата професија. Секако јас лично многу обрнувам внимание на личните контакти, да комуникацијата, на отвореноста, бидејќи и таа е важен сегмент, не само професионалниот дел.

  • Како и дали ги следите трендовите?

Во денешно време е многу полесно тие да се следат, со оглед на достапноста на информациите на интернет.

Не ја исклучувам и комуникацијата и размената на искуства со колегите. Исто така голема олеснителност е тоа што на пазарот има лесно достапна и квалитетна професионална козметика за коса со која и ние фризерите си ја олеснуваме работоа, а воедно ги задоволуваме потребите и желбите на клиентите.

  • Важна ли е конкуренцијата?

Доколу нема конкуренција нема ни успех! Конкуренцијата е таа што ни дава мотив за напредок. Секогаш треба да понудиме нешто нови и поразлично на клиентот за да ја задржиме неговата доверба, а воедно да стекнеме и нови клиенти.

  • Што е вашиот совет за една жена?

Косата е најголемиот украс на жената. Здрава коса е еквивалент и за убава коса. За различен вид на коса има посебни третмани и третирања, што значи козметиката треба да се прилагоди на карактеристиките на косата на клиентот. Јас го препорачувам третманот со Imel Keratin Infusion. Шампонот од овој третман ефикасно ја хидрира и ја обновува оштетената коса и се препорачува за сите типови на коса. Луксузната ИМЕЛ маска е богата со интензивни состојки за кондиционирање, додека хидролизираниот кератин ја регенерира косата и ја прави поздрава, посилна и посјајна.

Translate »