Австралија бележи рекорден број смртни случаи од коронавирусот
Австралија забележа рекорден дневен број смртни случаи поврзани со коронавирусот, додека бројот на нови инфекции е најмал во последните две недели.
Официјални лица од втората најнаселена држава Викторија кои се во фокусот на вториот бран на инфекцијата, објавија дека 19 лица починале од вирусот во последните 24 часа. Викторија исто така има забележано 322 нови случаи на заболени во последните 24 часа, што е најмал број на дневно ниво од 29 јули.
Австралија е сè уште далеку од многу други развиени земји со околу 21,000 заразени и 314 смртни случаи.
На пример, Бразил забележа 23.010 нови случаи на инфекција и 572 смртни случаи од коронавирус, објави вчера Министерството за здравство. Во таа земја, од почетокот на пандемијата се заразени 3.035.422 лица, додека бројот на починати се искачи на 101.049.
Мексиканското Министерство за здравство објави дека вчера биле потврдени 4.376 нови случаи на инфекција и 292 смртни случаи, со што вкупниот број заразени е 480.278 и смртни случаи 52.229.
Мексико е трета земја во однос на смртните случаи по Соединетите држави и Бразил.
Кина објави денеска дека 49 нови случаи биле потврдени вчера, од 23 нови случаи претходниот ден.Националниот штаб соопшти дека 35 од новите случаи биле увезени од странство. Нема пријавено нови смртни случаи.
Кина, исто така, регистрира 31 нови асимптоматски случаи на инфекција, откако беа пријавени 11 вакви случаи претходниот ден.
Според Ројтерс, повеќе од 19,73 милиони луѓе се заразени ширум светот, додека 726.414 починале.