,,Железната Планина,, е место каде се архивира и заштитува човечката цивилизација
Замислете дека работите на научен труд и ви требаат личните записи и пресметки на Ајнштајн или едноставно сакате да направите копија од оригиналната историска фотографија каде што тој го плази јазикот.
Или работите на документарен филм за Холивуд и сакате да вклучите секвенца од легендарната сцена со Мерлин Монро од фимот The Seven Year Inch, кога во метрото ненадејно ветер и го подига здолништето пред Том Јуол.
Постои место на светот каде се архивира и заштитува човечката цивилизација.
Длабоко во подземјето на западна Пенсилванија, под навидум обични фармерски поседи, како превртена 22 катна зграда, на 145 хектари од напуштен рудник за варовник се простира Железната Планина – архива што ги чува некои од најценетите американски богатства од историјата и уметностите.
Железната Планина, [eng: Iron Mountain] е највредното место на светот за складирање и управување со информациите и најголемата платформа за сервисирање на глобалниот пазар каде 230.000 клиенти од пет континенти ги “депонираат“ своите бази на податоци.
Кога некое филмско студио, светска медиумска компанија или престижна академска институција сака да го заштити и зачува своето наследство, Iron Mountain Entertainment Services е избор.
Без разлика дали тоа е Paramount Pictures, Grammy или безброј други водечки медиумски компании и институции, Железната планина гарантира дека секој бесценет податок создаден од уметниците ќе биде зачуван и достапен за идните генерации.
Податоците се раѓаат, живеат и се задржуваат засекогаш. Паметните луѓе го разбрале и прифатиле овој “животен циклус“ на податоците и оптимизирале начини тие никогаш да не се изгубат во просторот и времето.
Погледнете го краткиот документарец за Железната Планина