Разговор со архитектот Амир Ахмети од “Ground Fashion”
Донесовме уникатни тапети на македонскиот пазар
Ексклузивен застапник сте на реномирана компанија за декоративни тапети Гранд Деко, преку која на македонскиот пазар се достапни ексклузивни тапети и декоративни панели од Elitis, Grandeco, BN, и Duralmond. Како тоа се случи и од кога.
Веќе 4-та година сум генерален застапник на на реномираните европски компании кои произведувад елитни тапети од висок квалитет, дизајнирани од врвни дизајнери. Мојата желба да се занимавам со нешто со висока естетика, како и деловните врски ми овозможија тоа да се оствари. А дека станува збор стварно за нешто ексклузивно можете да се уверите во изложбениот салон на мојата компанија Ground Fashion која се наоѓа спроти Универзална сала Скопје
Какви тапети најчесто купуваат луѓето? Кој е трендот?
Се повеќе се одлучуваат за прва класа тапети произведени од специјален винил материјал, кој е лесен за одржување и отпорен на влага, а може да се чисти дури и со употреба на детергенти. Тапетите се популрани, независно дали за дневна соба, спална или детска, луѓето се соживуваат со нив и им се многу важни како декоративен елемент.
За кои бои најчесто се одлучуваат потрошувачите? Дали почесто одбираат релаксирачки бои, светли тонови, цветни тонови или нешто друго?
Изборот на боја пред се е детерминирана од амбиентот кој секој го има дома. Со посветли нијанси се покриваат поголеми простории, а со тапети со јаки бои и смели форми помали простори или делови од еден простор. Кога се комбинира најдобро е да се добие совет од архитект или дизајнер за внатрешно уредување, бидејќи да се гледа парче тапет во каталог и истиот тој да биде аплициран на зид е сосем различно. Не треба да се брза! Во домот поминуваме најголем дел од денот и важно е да се чувствуваме убаво во него. Обично повозрасни луѓе, посебно жени се одлучуваат за покласични дизајни, стандардни бои светло кафени, жолти, виолетови нијанси, бои кои се меки и благопријатни за гледање и најчесто со цветни дизајни.
Младите парови се решаваат за посмели бои и дизајни. Со динамични геометриски форми, кои брзо го привлекуваат вниманието на присутните. Изборот е многу индивидуален и зависи од карактерот на потрошувачот.
Декоративните тапети се повеќе ги заменуваат уметничките дела во домовите. И самите тие се повеќе се дела на истакнати уметници. Колку и дали луѓето експериментираат со декоративните тапети. Какво е вашето искуство?
Тоа е тешко да се одговора. Јас би рекол дека не може уметничко дело да замени друго уметничко дело. Тие се надополнуваат едни со други, и дефинитивно имаат најубав израз кога се комбинираат. А точно е дека се повеќе се експериментира со употреба на декоративни тапети.
Покрај тапети на располагање потрошувачите имаат и други декоративни форми. Кои се тие?
Тоа се декоративни панели, кои се користат за внатрешно, но и надворешно уредување.
Duralmond декоративните панели се добиваат од комплексен материјал добиен со мешање на природни и синтетички смоли, мелени бадеми, школки и други адитиви. Duralmond панелите можат да бидат моделирани во било која форма или текстура, претставувајќи уникатен декоративен материјал за украсување на површини.
Изработени се од материјали кои се биоразградливи, може да се рециклираат, издржливи и водоотпорни (идеално за влажна области), со добра акустика и отпорност на оган, Duralmond е идеален материјал за внатрешни и надворешни декорација. А она што е најново се тапети за фасада, најнов светски тренд.
Колку фактот дека сте архитект по образование ви помага во работата.
Дефинитивно многу? Дизајнот на внатрешни ентериери е нешто што ме исполнувало од раната младост, a отсекогаш сум ги разгледувал списанијата за декорација и архитектура. Едноставно с ерадувам кога гледам убави работи, а декоративните тапеи и панели се сигурно тоа. !
Дали на муштериите им помагате при изборот на тапети?
Кога ќе побараат совет! Се случува самите муштерии да имаат конкретни замисли, да сакаат самите да изберат, и тоа јас го почитувам. Одлуката и треба да биде нивна бидејќи тие се оние кои ќе живееат во тие простории.
Каде најчесто среќавате ваши тапети. Во кафулиња, хотели или?
Веќе секаде. Но мислам дека менаџерите на кафулиња најбрзо се решаваат за избор на тапети. Кај нас тапетите се популарни последниве години, во светот нивната популарност никогаш не прекина. Денес во нивното креирање се повеќе учествуваат големи дизајнерски агенции, постои нивна хипер продукција со најразлични дизајни, што им го отежнува и изборот на потрошувачите.