Педофил се допишувал со 11 годишно девојче , а тогаш таткото му закажал состанок..
Аргентинецот Волтер Родригез решил да се пресмета со педофилот кој сексуално ја вознемирувал неговата 11 годишна ќерка на социјалните мрежи. Кога девојчето му признало на таткото дека се допишува со 29 годишниот Герман Акоста и дека тој бара од неа да му праќа фотографии во долна облека и дека и досадувал , барајќи да се сретнат, родителот одлучил работите да ги земе во свои раце. Почнал да се допишува со педофилот во името на ќерката. Му напишал : “Јас сум невина”. На што педофилот одговорил :” Тоа е супер, ајде да се најдеме! ”
Таткото продолжил да ја игра играта и му закажал состанок на Акоста . Прво му закажал средба кај него дома , но се се уплашил дека во афект може да го убие, па го догооврил состанокот во центарот на Буенос Аирес.
Штом го здогледал, му се пуштил и фатил да тепа. Потоа викнал полиција. Педофилот бил приведен , а потоа пуштен да се брани од слободата. Да биде парадоксот поголем, сега двајцата се обвинети, едниот поради физички напад , а другиот поради сексуално вознемирување на малолетник. Аргентинскиот закон предвидува казна затвор од 6 месеци до една година затвор за сексуално вознемирување на малолетно лице.