Стевиа –нискокалорична и природна алтернатива за белиот шеќер!
Зошто да користиме Стевиа?
Доколку сакаме да ја намалиме телесната тежина, да имаме нормален крвен притисок, регулиран дијабетес и заштита на оралното здравје, првиот чекор би бил намалување на внес на шеќери во организмот. Но тоа не секогаш е лесно, бидејќи кафето, чајот и останатите напитоци едноставно не се толку вкусни без засладувачи.
Решение секогаш постои! Екстрактот од растението Стевиа е нешто што без резерва го препорачуваат нутриционистите и медицинските експерти.
Стевиата е природен и здрав нискокалоричен засладувач кој потекнува од растението Stevia rebaudiana, познато како “сладок лист“ употребувано уште од страна на индијанските племиња пред повеќе од стотици години токму поради своите извонредни карактеристики.
Претставува 100% природна алтернатива за белиот шеќер, со низок гликемиски индекс и без додадени вештачки засладувачи. Стевиата е растение со многубројни здравствени придобивки: придонесува кон намалување на тежината, нормален крвен притисок, регулација на дијабетес и заштита на орално здравје. Содржи над 100 фитохемикалии, богати со терпени и флаваноиди и е адекватна замена за шеќерот. Како резултат на безкалоричноста, единствениот вкус и природната слаткост се препорачува за намалување на телесната тежина и за сите оние кои сакаат витка фигура.
Од каде доаѓа слаткиот вкус на Стевиата?
Тајната на слаткиот вкус на Стевиата се крие во сложената молекула наречена стевиол гликозид, која е составена од гликоза, софороза и стевиола. Токму оваа сложена молекула e причина за необичната сладост на Стевиата. Растението Стевиа во природна форма е околу 10-15 пати послатко од белиот шеќер. А екстрактот од Стевиа е од 100 до 200 пати посладок од белиот шеќер.
Разликите помеѓу стевиа и белиот шекер
Vitalia Sweet Stevia | Бел шеќер |
Екстракт од Стевиа | Сахароза |
Не содржи шеќери | Шеќерот е основа од која доаѓа блажината |
Хранливи материи: протеини, јаглехидрати, витамини (A, B, C) и микроелементи (железо, цинк, калциум, магнезиум, калиум). | Хранливи материи: ниту една |
Помага во намалување на телесната тежина | Придонесува за зголемување на телесната тежина |
Погодно за дијабетичари поради нискиот гликемисли индекс | Потенцијален ризик за појава на дијабет |
Ги одржува забите здрави, бидејќи не содржи шеќер | Придонесува за расипување на забите |
Го одржува нормалното ниво на крвен притисок | Го покачува крвниот притисо |
Vitalia Sweet Stevia идеален за диетална исхрана
Како резултат на единствениот природен вкус со 0 калории, без шеќери, вештачки засладувачи и низок гликемиски индекс Vitalia Sweet Stevia е производ идеален за диетална исхрана, за дијабетичари и лица со кардиоваскуларни нарушувања.
Како да ја консумираме Стевиата?
За засладување на напитоци додадедете 1 до 2 кесички Vitalia Sweet Stevia и уживајте релаксирани од фактотдека напитокот е засладен, но сте ги зголемиле калориите.
Доколку пак сакате да зготвите некое колаче или пудинг, употребете Vitalia Sweet Stevia во паковање од 250гр, согласн
Предлагаме вкусен рецепт за нискокалоричен колач:
Состав:
Основа:
- 6 круши со одстранета кора
- Кора и сок од 1 лимон
- 1 кафена лажица цимет
- ½ кафена лажица Стевиа Виталиа
Фил:
- 30гр Стевиа Виталиа
- 200гр интегрално брашно од пченица Виталиа
- 200гр овесни снегулки Го нутри Виталиа
- 1 кафена лажица цимет
- ¼ кафена лажица рендано мускатно оревче
- ¼ кафена лажица хималајска сол
- 1 лажица кокосово масло Виталиа
- 10гр семки од тиква Виталиа
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови, и премачкајте ја тавата со кокосово масло.
- Во голем сад, додадете ги тенко сецканите парченца круша, лимоновиот сок и кора, циметот и медот. Промешајте и обложете ја тавата со состојките.
- Во друг сад додадете го брашното, овесните снегулки, мусковадо шеќерот, цимет, мускатно оревче, кокосово масло, хималајска сол. Мешајте додека не се добие груба смеса. Додадете ја смесата над крушите рамномерно.
- Печете 45 минути или додека питата не порумени. Изладете околу 30 минути и послужете во комбинација со овошен јогурт поросен со семки од тиква.