Секое цвеќе има своја симболика-внимавајте што подарувате!

Цвеќе. Можеби се работи за уште еден навидум неинвентивен подарок, но сепак со големо значење. Подареното цвеќе за него зборува дека е страствен и сензуален маж. Но, секое цвеќе има своја одредена симболика, па според тоа, одредете што зборува неговата потсвест.

Лале

Овој цвет за него зборува дека е горделив, понекогаш загрижен за вашиот однос, но секогаш подготвен да ви прости што и да згрешите.

Ружа

Особено ако е црвена, пораката е јасна. Тој навистина ве сака, вам ви е посветен и се радува на секој ден поминат со вас. Или, можеби само слушнал дека црвените ружи секогаш „палат“ 🙂

Орхидеја

Орхидејата симболизира интимност и блискост. Ако добиете орхидеја на подарок, значи дека веќе сте запознаени со сите негови најинтимни тајни.

Нарцис

Во овој случај тој како да ви го подарил цветот кој најубаво го опишува него. Тој е себичен и иако можеби ве сака, сепак првото место на неговиот список е одамна резервирано – за него. Често е нем за вашите потреби, а некогаш дури и по малку груб.

Магнолија

Овој цвет е препознатлив за отмен и достоинствен човек кој се надева дека вие сте неговата права љубов. Но, од друга страна постои верување дека мажот кој подарува магнолија одвреме навреме знае да биде и неверен.

Ирис

Ирисот е заштитен знак за „уметничките души“. Мажот кој го подарува ова цвеќе сака уметност и фантазирање. Можеби ќе треба почесто да го „симнувате“ од небото.

Сончоглед

Ако ви подарил сончоглед, тоа значи дека вие сте неговото сонце, а тој не може да го замисли животот без вас. Со надеж дека не сте му „битолско“ сонце и нема да почне очајно да прашува „кај ми е сонцето“ во случај да ве снема 🙂

А ако ги разгледуваме цвеќата според нивната боја, тогаш виолетовата боја упатува на нежен и верен маж, портокалевата на енергичен и горделив. Белото цвеќе го подарува сочувствителен, романтичен тип, а црвеното страствен љубовник. Жолтото цвеќе сигнализира љубоморен маж, кој секогаш ќе се грижи, но безусловно ќе ве сака.

Сепак, ова не е некоја егзактна наука, па нардниот пат кога вашиот партнер е ви подари магнолија, да го обвините за неверство. Многу почесто може токму цвеќарката да му го одбрала букетот или неговата најдобра другарка го „прелажала“ да би купи парфем. Најважно е да ги препознаете неговите намери и искреноста со која ви го дава подарокот.

Translate »