Актерот доби отказ поради твит на неговата колешка
Не помогна ниту извинувањето дека во моментот на постирање на твитот била под дејство на пилули за спиење. Акерката Розен Бар и целата екипа доби отказ. ТВ-мрежата Еј-Би-Си одлучи да ја укине нејзината серија по само една сезона од камбекот. Причина за ваквиот потег беше нејзиниот расистички твит во кој таа ја спореди советничка на Барак Обама со мајмун.
Розен Бар напиша на Твитер дека Валери Џерет е дете на Муслиманско братство и на филмот „Планета на мајмуните“.
„Изјавата на Бар на Твитер е гнасна, одвратна и несоодветна со нашите вредности и затоа решивме да ја откажеме серијата“, се обрати со соопштение и Еј-Би-Си.
Розен подоцна го избриша постот и се извини за она што го нарече „лоша шега“.
„Им се извинувам на Џерет и на сите Американци. Тоа беше лоша шега за нејзините изглед и политика“, кажа Бар.
Со укинување на серијата целата екипа доби отказ, а мегу нив и актерот 65 годишниот Џон Гудман, кој во серијата го игра сопругот на Розен.
Советничката на Обама, изјави дека не се чувствува навредена, но дека ова е добра поука за актерката. Јавноста со нетрпение ја очекува и реакцијата на Трамп, кој е познат како голем обожавател на серијата и актерката.
„Розен“ првично се емитуваше од 1988 до 1997 година и во март имаше толку успешен камбек.
Актерската екипа на серијалот “Розен”