проф. д-р Зоран Шапуриќ: Потребна е поголема соработка меѓу мултинационалните компании и домашните мали и средни претпријатија
Денес, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ присуствуваше на работилница под наслов ,,Надминување на јазовите меѓу мултинационалните компании и домашните мали и средни претпријатија” организирана од страна на Finance think и Центар за управување со промени, помогнат од Европската Унија.
На оваа работна средба се идентификуваа јазовите и потенцијалите за соработка помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании во земјата, потребите на бизнис секторот за развој на капацитетитe и се презентираа одговори на прашалници доставени до мултинационалните компании за пречките кои се јавуваат за соработка со домашните мали и средни претпријатија. Исто така, претставници на домашни компании ги претставуваа позитивни и негативни искуствата од досегашната соработка со странски инвеститори во земјата.
Министерот Шапуриќ ја изрази заложбата на Владата на РМ за подобрување на економската состојба на домашните претпријатија преку донесување на Законот за финанасиска поддршка на инвестициите, особено на развој и зголемена конкурентност на малите и средни претпријатија за кои има посебен дел (трет столб) наменет исклучуво за нив.
На крај, министерот Шапуриќ им се заблагодари за споделените искуства, кажа дека Владата на РМ нема да запре со поддршката на домашните компании само со донесување на овој закон туку ќе следуваат и низа други активности, во соработка со Коморите и други организации, сè со цел решавање на проблемите, оттргнување на пречките и развој и зголемување на капацитетите на домашните мали и средни претпријатија за остварување на бараните услови на странските инвеститори за поголема соработка.