Јанкуловскa за рочиштето за ”Тенк ”: Најважно ми е да се потрудам ова да не влијае на здравјето на детето

 Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска се јави со коментар за предметот во кој и таа е обвинета на социјалните мережи:

Го пренесуваме нејзиниот статус целосно:

„Денес повеќе медиуми ме прашуваат за рочиштето за предметот на СЈО Тенк. Им одговорив дека заложбите на Владата за заштита на жените и семејството се реализираат на дело. Дојде живот, нема веќе потреба од проекти на УСАИД за правна заштита на правата на жените, од осмомартовски маршеви за правата на жените организирани од Платформата за родова еднаквост, ниту потреба од организирање на вечери на женските права од страна на UN Woman и Институтот за човекови права. Адвокатите ме информираа дека на рочиштето за Тенк што беше предвидено за денес, додека бев во болница на преглед и примав терапија, за што до судот беше доставена медицинска документација, заедно со документацијата за уредно отворено задолжително породилно отсуство (кое според закон задолжително се отвара меѓу 45 и 28 дена пред породување), судијата Кацарска наредила да ми направат вештачење за да се утврди состојбата во која се наоѓам т.е. да ме прегледа доктор што таа дополнително ќе го определи за да констатира дали и покрај обемната медицинска документација и препораките од докторите за ризиците за детето, во последните недели од деветион месец од бременоста навистина сум спречена да ги следам долготрајните рочишта кои се одвиваат во отежнати услови и на високи температури. Исто така адвокатите ме информираа дека се закажани 8 дополнителни термини за рочишта на 13,14,29 јуни и 4,5,9,12 и 14 јули т.е за периодот помеѓу 38 и 42 недела од бременоста, односно 2 недели после крајниот термин за породување. Изгледа ова е тој “неопходен пресврт, како што доликува на една демократска Европска земја“ за кој зборуваше министерката Царовска по повод 8 март и “ова се конкретните дела за надминување на родовата нееднаквост и борбата против насилството врз жените“. Очигледно ова е производ на секојдневната работа на Владата “на исправање на неправдите и унапредување на правата на жените во Македонија“, за кои зборуваше ЗПВРМ Шеќеринска на 8 мартовскиот марш во Куманово. Адвокатите исто така ми пренесоа дека ставот на судијата е дека ако во меѓувреме се породам а не се донесе пресуда, најдоцна 40 дена по породувањето судењето морало да продолжи без оглед што по Законот кој го регулира породилното отсуство, јас и да сакам не можам да го прекинам пред да изминат 45 дена од раѓањето на детето. Но сега не можам да се опроварувам со ефикасноста на реформираното судство, во овој момент најважно ми е да се потрудам сето ова да не влијае на здравјето на детето“, пишува Јанкулоска на Фејсбук.

Translate »