Градот Скопје почнува со присилна наплата на долгови за фирмарина

Град Скопје почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за 2017 година.

„Сите таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски. Со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, таксениот обврзник може да дојде во просториите на Град Скопје, барака 16, секој работен ден од 07:30 часот до 16:30 часот“, велат од Градот.

Од таму напоменуваат дека во тековната година, односно во месец март биле испратени опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, велат од таму, изготвени се решенија за присилна наплата кои се доставени до таксените обврзници.

Доколку по ваквото решение не се постапи, се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

 

izvor Makfax.com.mk

Translate »