Економистка од универзитетот Кембриџ се појавила гола на интервју на “BBC Radio”.
Џон Хамрис, водител на “BBC Radio”, се шокирал кога економистка од универзитетот Кембриџ се појавила гола на интервју.
Д-р Викторија Бејтмен која често и предава гола, го изненадила овој водител кога ја соблекла јакната и ја продолжила дебатата за Брегзит без облека, а водителот се збунил.
“Ох, гледам дека сте голи”, рекол Хамрис и им објаснил на слушателите дека Викторија има напишано на своето тело “Брегзит ќе ја остави Британија гола”.
На прашањето зошто имала потреба да се соблече гола додека разговара за Брегзит, таа одговорила:
„Напишав илјада зборови за тоа зошто Брегзит е лош за Велика Британија, но сакав сето тоа да го соберам во една силна порака. Брегзит е царевото ново руво. Британија само себе си продаде нешто што не може да го испорача. Во целост се чувствувам добро во своето тело. Луѓето брзо ги проценуваат жените на основа на нивните тела“ – објаснила таа.
Сѐ уште не е познато дали од “BBC” знаеле дека Бејтмен има намера да се соблече во текот на интервјуто, а слушателите тврдат дека водителот видно се збунил додека таа го истакнувала своето мислење за Брегзит.
Интервјуто со неа било договорено откако ден претходно таа расправала на Твитер со новинарот Пирс Морган и објавила видео снимка на која гола зборува за женските права ширум светот. Ваквата снимка, Морган ја нарекол “смешна” и ѝ кажал да облече нешто пред да настине. Извори од “BBC” велат дека нејзината голотија на интервјуто е одговор на негативните коментари, како и поради тоа што нејзиното предавање за Брегзит во јануари предизвика бура во јавноста.