Како генералот Слободан Праљак го внел отровот во судницата?
Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал, Флоренс Артман, проговорила за смртта на Слободан Праљак и открила кој го внесол отровот во судницата.
“Се знае дека тоа го направила екипа која влегла да присуствува на судењето бидејќи Праљак не можел во притвор да има цијанид, и тоа фрла сомнение на неговиот адвокатски тим, или евентуално на некој од амбасадата. Во главно отровот го внесол некој што имал пристап до Прељак пред влегувањето во судницата”, рекла Артман.
Да потсетиме, Слободан Праљак, пензиониран генерал на хрватската војска, се убил поради пресудата на Трибуналот за воени злосторства. Тој испил цијанид, во судница на Трибуналот на 29-ти ноември 2017-та.
Праљак оставил две проштални писма кои ги пронашле службеници на ОН и кои докажуваат дека генералот внимателно го испланирал убиството.
Двете писма биле напишани на 27-ми ноември, два дена пред правосилната пресуда во предметот “Херцег-Босна”.
“Одлуката да се самоубијам во случај да бидам осуден ја донесов одамна – смирено, промислено, самосвесно”, напишал Праљак во првото писмо, наменето за неговото семејство, а во другото се обратил до сопругата.
“Кача,мислам дека писмото “За семејството” ќе мора да го обелодениш за да спречиш бескрајни лаги, лоша психологија и друго”, напишал Праљак.
Ника Пинтер, неговата адвокатка, порачала дека Праљак не направил ништо под влијание на моментални емоции, туку дека се, почнувајќи од одбраната на сопствениот живот, работел многу прецизно, одлучно и смирено.
Холандското обвинителство не успеало да докаже како Праљак го добил цијанидот со кој се убил во судницата по изрекувањето на пресудата.