Астрономите загрижени, најавуваат и последици: Има премногу сателити во Земјината орбита!
Сателитите во ниската орбита би можеле да им попречат на научниците кои од Земјината површина ги надбљудуваат вселенските тела, а ќе бидат загрозени и вселенските телескопи.
Илон Маск и неговата компанија SpaceX неодамна ја лансираа првата флота на сателити Starlink кои се направени за глобална дистрибуција на сателитски интернет. Лоша вест е тоа што SpaceX не е единствената компанија која ќе испрати стотици помали сателити во ниската Земјина орбита.
Веќе за такво нешто се подготвува и Amazon, кинеската влада исто така има намера да лансира своја флота на сателити, а истото ќе го направат и неколку телекомуникациски компании кои настојуваат да овозможат глобално достапен евтин интернет.A black-and-white image full of very faint stars, with a bright beam of light passing through the center due to a satellite streaking by.
For no reason at all, here’s what it looks like when a satellite goes through Hubble’s field of view whilst you are trying to image something in the distant solar system.1,35710:45 PM – Jan 25, 2018528 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy
Резултат на тоа ќе бидат илјадници сателити во ниската Земјина орбита кои на астрономите ќе им предизвикуваат големи проблеми. Според нив, големиот број на вакви сателити би можеле да ја забават целата гранка на човечкиот научен напредок.
Најнапредните телескопи користат исклучително чувствителни сензори кои ја препознаваат бојата на оддалечените вселенски тела и на тој начин го откриваат нивниот хемиски состав. Поради метежот“ над Земјата која ќе биде преплавена со сателити, тоа во иднина ќе стане многу потешко.
Varun Ramesh@varunversion1 · May 27, 2019Replying to @Erdayastronaut and 2 others
Any thoughts on starlink satellites causing space debris and lighting polluting the sky according to what some people are saying?
There are already 4900 satellites in orbit, which people notice ~0% of the time. Starlink won’t be seen by anyone unless looking very carefully & will have ~0% impact on advancements in astronomy. We need to move telelscopes to orbit anyway. Atmospheric attenuation is terrible. pic.twitter.com/OuWYfNmw0D1,2238:32 AM – May 27, 2019Twitter Ads info and privacy
336 people are talking about this
Научниците предупредуваат дека вселенскиот интернет ќе биде и извор на голема количина на зрачење и иако тоа нема да биде штетно по Земјата и луѓето, може да им попречува на бројни инструменти во орбитата кои ќе пренесуваат погрешни податоци на Земјата.
Со лансирањето на бројните сателити, покрај тоа што ќе биде загрозена работата на телескопите, а со тоа и новите астрономски откритија, научниците предупредуваат дека сателитите би можеле и да ги „уништат“ романтичните заоѓања на Сонцето.