Од следната година ќе може да се патува во вселената за “само“ 250.000 долари!
Изгледа дека комерцијалното патување во вселената секојдневно е сè поблиску, а веќе идната година со првото комерцијално туристичко летало, „SpaceShipTwo“, ќе управува претприемачот и милијардер, Ричард Брансон, чие богатство е проценето на 3,8 милијарди долари.
Како што пренесува „Fox Business“, патувањето 50 милји над Земјината површина сепак нема да биде евтино.
Колку што е досега познато, заинтересираните патници за карта ќе мора да издвојат 250.000 долари.
И додека едни сметаат дека тоа е оправдана цена, други сепак не се согласуваат со тоа. Тие сметаат дека тука станува збор за “пренапумпана“ цена со оглед на тоа дека „SpaceShipTwo“ ќе ги “поткрене“ патниците само 50 милји над Земјината површина и ќе ги врати назад.
Во јули, Брансон најави дека пробните летови ќе започнат оваа есен во американската сојузна држава Ново Мексико.
Инаку, „SpaceShipTwo“ има капацитет за 700 патници и достигнува брзина од 2,9 маха, додека речиси вертикално се подигнува и покрај гравитацијата.