Позитивни вибрации за подобар крај на 2020 – Новогодишна кампања на Телеком

Оваа година ни постави предизвици кои не ги очекувавме и прашања на кои и понатаму го бараме одговорот. Но, сите овие случувања треба да нè мотивираат да научиме повеќе за себе, за луѓето околу нас и за тоа колку е важен начинот на кој се однесуваме едни спрема други. Новогодишната кампања на Македонски Телеком нè мотивира да го извадиме најдоброто од себе и да ги искористиме последните неколку дена од 2020, за да споделиме позитивна енергија со луѓето што ги сакаме.

Кампањата зборува за тоа колку не ја сакаме оваа година заради сите работи што ги пропуштивме. Но, наместо да жалиме, можеме да се потрудиме да ги направиме работите подобри. Секој од нас може да даде мал придонес за позитивни вибрации, не само за себе туку и за луѓето кои навистина ни значат.

Така ќе ставиме подобар крај на 2020 година и ќе ја дочекаме новата со надеж за подобра иднина.

Translate »