Најголемите лажговци во хороскопот
Овен
Овните обожаваат да претеруваат и тоа го прават многу добро. Нив тешко дека ќе ги уловите во нивната лага, но дури и ако тоа се случи, тие нема да признаат нити да ви се извинат. Тие сакаат да се претставуваат подобри од тоа што се а тоа најчество вклучува мноштво од измислици кои никогаш не се случиле.
Близнаци
Близнаците лажат затоа што се премногу мрзливи да ја раскажуваат вистината, особено во тешки ситуации. Ако и притоа е уште потребно и да се објаснува за вистината, тие нема да се замараат со тоа туку само ќе продолжат со лагите. Ако ги уловите во лага, тие само ќе се насмевнат и ќе ве обвинат дека сигурно понекогаш и вие лажете како нив.
Водолија
Водолиите на прв поглед се тврдокожци, но во реалноста се големи кукавици. Тие мразат да се соочуваат со тешката вистина па ја „разблажуваат“ со помош на лаги. Не им е проблем да ги лажат и своите најблиски дури и ако знаат дека тие ќе им поверуваат. На крајот на денот, тие изговараат толку голема количина н алаги што и самите почнуваат да веруваат во нив.