Видео: Бил Гејтс открива: Еве како човештвото ќе ја победи следната пандемија, кои лекции се научени кои НЕ

Бил Гејтс, основачот на компанијата „Мајкрософт“ и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ во годинешната порака до јавноста на својот блог „ГејтсНоутс“ пишува дека пандемијата од ковид-19 не научи дека повеќе не смееме себеси да си овозможуваме лежерност и да дозволиме следната пандемија да не дочека неподготвени. Опасноста од некои нови пандемии постојано ќе ни лебдат над глава доколку не преземеме соодветни мерки.

За да спречиме да не снајдат маките од минатата година, приправноста на пандемија треба да ја сфатиме исто како подготвеност за војна.

Вложување во истражување и развој

Светот мора да инвестира двојно повеќе во истражување и развој и организации како што е Коалицијата за иновации за подготвеност на епидемии (ЦЕПИ) кои дадоа неизмерен придонес во борбата против ковид-19. Покрај тоа, потребно е да се изградат и комплетно нови можности, смета Бил Гејтс.

Тој посочува дека за да се спречи следната пандемија, ќе биде потребно да се инвестираат десетици милијарди долари годишно, што е многу пари, имајќи предвид дека пандемијата „ковид-19“ предизвика трошоци кои се проценуваат на глобално на околу 28 трилиони.

– Светот мора да потроши милијарди за да заштеди милијарди и да спречи милиони смртни случаи – предупредува Бил Гејтс и додава дека најголем дел од инвестициите мора да доаѓаат од богати земји.

За почеток, владите мора да продолжат да инвестираат во научни ресурси што нè спасуваат во сегашната пандемија, дури и кога ковид-19 е зад нас, бидејќи новите достигнувања ќе ни обезбедат поддршка следниот пат кога ќе се појави нова инфекција, предупредува Гејтс. Во врска со ова, тој се надева дека дотогаш ќе имаме веќе т.н. мега дијагностички платформи, кои ќе овозможат да се тестираат до 20 проценти од глобалната популација секоја недела.

Тој е исто така убеден дека дотогаш, третманот ќе биде значително подобрен и тој ги наведува моноклоналните антитела како едно од најперспективните терапевтски агенси против ковид-19. Тие можат да се користат за лекување на неограничен број на болести, но нивната лоша страна е што е потребно многу време да се развијат и произведат.

„Веројатно ќе бидат потребни уште пет години за да се усоврши технологијата пред да можеме брзо да ја произведеме во големи количини“, пишува Гејтс.

Тој очекува голем напредок во развојот на вакцините во следните пет години – делумно благодарение на вакцините против мРНК против ковид-19. Тоа е нов вид вакцина што дава упатства и го учи телото да се брани од патогени микроорганизми.

Покрај тоа што е убеден дека ќе направиме голем напредок во откривање на патогени микроорганизми и развој на моноклонски антитела, Гејтс очекува дека мРНК вакцините ќе се развијат побрзо, ќе се произведуваат полесно во поголеми количини и ќе бидат посоодветни за складирање во текот на 5-10 години.

– Тоа би бил огромен напредок, како во однос на идните пандемии, така и во однос на другите здравствени предизвици. Вакцините од типот мРНК ветуваат и кога станува збор за болести како што се ХИВ, туберкулоза и маларија. Напредокот на полето на истражување и развој како последица на ковид-19 ќе придонесе еден ден да имаме средства што ни се потребни за конечно да ги спречиме овие смртоносни болести – пишува Гејтс.

Глобален систем за предупредување

Конечно, важно е да се открие епидемија веднаш штом се појави каде и да се појави. За ова ќе биде потребен глобален систем за предупредување, кој денес не постои. ‘Рбетот на тој систем ќе биде тестирањето. Ако некаде се појави многу заразен или целосно нов патоген, група експерти за инфективни болести би влегле во игра за брза реакција.

– Замислете ги како еден вид пандемиска противпожарна единица, група на целосно обучени експерти подготвени да реагираат на можна криза веднаш штом ќе се открие …. Мислам дека ни требаат околу 3.000 такви експерти за итен одговор на глобално ниво – пишува Гејтс.

За да научиме како да ги користиме овие луѓе што е можно поефикасно, потребно е да се прават симулации низ целиот свет што ќе ни овозможат да вежбаме, анализираме и да ги подобриме начините на реакција на епидемиите, смета тој.

Translate »