Се најавуваат рестрикции за влез во земјите на ЕУ

Новиот предлог на Европската Комисија е во процедура и би требало да почне да се спроведува од 2020 година.  За да влезете во земја на ЕУ ќе треба прво да се пријавите по електронски пат до европската служба за патување и информации , а потоа да чекате одобрение од нив.Во апликацијата треба да ги ставите личните податоци и да наведете  дали сте осудувани или сте престојувале во кризни подачја. Постои можност барањето да биде одбиено доколку  европските служби сметаат дека барателот претставува  некаква опасност.  Според предлогот, цената на потврдата ќе изнесува 10 евра и ќе трае три години или до истекот на патната исправа.  Ова би важело за сите земји кои не се во Шенгенот, што значи и за Македонија. Предлогот  веќе е одобрен од комисијата во  Европскиот Парламент.

Оваа нова политика,  според Европската Комисија, се должи на подобрување на безбедносниот систем и контрола на  миграцијата  во ЕУ.

 

 

Translate »