Забава и уживање со омиленото кафе: Започнува Гранд кафе караванот од Капитол Мол
Во Скопје, овој викенд, љубителите на кафе ќе имаат можност да уживаат и да се забавуваат со највкусното македонско Гранд кафе. Безвременска приказна на мирис и вкус. Хармонично чувство и единствена можност да се искуси забава, но и неколку голтки домашно, македонско кафе.
Гранд кафе организира караван што на 3 јуни (сабота) ќе биде сместен во Капитол Мол во населба Аеродром. Аеродромци, но и сите останати заинтересирани граѓани на Македонија, ќе имаат можност да уживаат во единствениот мирис и вкус на Гранд, но и ќе добијат шанса да учествуваат во забавни игри и да освојат интересни награди! Потоа, караванот ќе продолжи на 10 јуни во Ист Гејт и на 17 јуни во Скопје Сити центар. Домаќини на настанот ќе бидат Тино, Атанас и Марко Новески.
Една од специјалните награда е Гранд тура прошетка низ фабриката, каде што оние најсреќните ќе имаат можност да го искусат целиот производен процес на омиленото кафе, eдно незаборавно и едукативно искуство за посетителите.
Малкумина знаат дека ова кафе доаѓа директно од најдобрите плантажи за кафе во Бразил, Уганда и Колумбија, но и многу други земји ширум светот. Таму кафето се бере рачно, внимателно и навреме, без да се оштети плодот. Суровото кафе се пече под посебни услови, на температура над 220 степени, каде што на висока температура со топол воздух се добиваат најдобрите ароматични својства на кафето. Ова се само некои од интересните факти што ќе има можност да се слушнат.
Оваа е уникатна можност луѓето да ја искусат магијата на квалитетното кафе, да ги пробаат сите вкусови на Гранд и да уживаат во изненадувањата што тие ги подготвија за сите присутни.