Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година
Македонски Телеком ja почна 2024 година со силен финансиски раст на крајот на првото тримесечје. Успешното работење продолжува како резултат на фокусот на модернизацијата и ширењето на мрежата, пионерството во воведувањето нови технологии и посветеностa на најдоброто корисничко искуство.
Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од дури 15,2 проценти.
Приходите од продажбата се зголемени за 3 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2.967 милиони денари.
Супериорно корисничко искуство и зголемување на базата на корисници
Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, којшто изнесува 94 поени. Продолжува трендот на зголемување на бројот на корисници во сите сегменти, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство, но и многу повеќе од комуникациски услуги. Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 160 000 корисници.
Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7 проценти и изнесува 211 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,4 проценти. И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,266 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 229 илјади корисници.
Лидерство на ТВ пазарот и нова ТВ платформа
Остануваме на лидерската позиција на ТВ пазарот со удел од 34,4 проценти и раст од 2,3 проценти или 151 илјада корисници. Во март, воведовме нова генерација дигитална телевизија – MagentaTV, иновативна ТВ платформа којашто нуди ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на корисниците.
Инвестиции и развој на најдобрата мрежа Остануваме доследни на нашиот фокус на ширење и инвестиции во оптичката мрежа и денес имаме 324 илјади пристапи до оптика, што е за 15,3% повеќе споредено со истиот период од претходната година. Најголемата 5G мрежа во Македонија продолжува да се шири и е достапна за 85% од населението во Македонија со гигабитни брзини во повеќето градови. Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги.