Тест за вас и вашите деца-Имате ли одбранбени механизми и фрустрации?

Психолозите веруваат дека преку  тестови и цртежи можат да ја анализираат  личноста. Овој тест  е наменет за сите возрасти.
Треба да нацртате човек на дожд и да откриете како реагирате под  притисок, кои се вашите фрустрации и одбранбени механизми. Прво нацртајте а потоа анализирајте.

Што се анализира во цртежот?

Позиција

Ако човекот го цртате од десната страна на хартијата, тоа покажува дека имате желба да напредувате професионално, да се докажувате и учите, но и дека имате верба дека тоа ќе се случи во иднина.

Ако цртате од  лево, имате песимистички поглед на животот, и многу е сигурно дека нешто од минатото ве спречува да бидете среќни во иднина.

Ако човкот е нацртан во средината, имате натпреварувачки дух.

Чадор

Ако во цртежот нема чадор, немате заштитни механизми или начини да се справите со тешките ситуации во животот.

Голем чадор кој ги покрива речиси  целиот човек  значи дека сте тип на  кој секогаш му треба заштита и претпочита изолација.

Дршката на  чадор – секогаш ви треба поддршка и некој вид на план, дури и ако знаете дека нема  потреба од планови.

 

Човечка фигура

Човекот е поставен фронтално укажува на  способност да се соочиме со тешки ситуации.

Човекот е во профил: Вие имате желба да избегнете непријатни ситуации.

Сте  го нацртале  од позади : Вие сакате да останете незабележани.

Големина на цртежите

Мала: скромност, несигурност, чувство на инфериорност.

Големa : Сакате да ве препознаат,  суетни и екстровертни .

 

 

Начинот на кој го нацртавте цртежот

Вообичаено е цртежот да почне да се црта од главата и да заврши со капки од дожд. Меѓутоа, ако сте почнале од цртање на нозете, тоа покажува тенденција дека имате погрешни начини за решавање на проблемите. Ако почнавте со цртањето  чадор, тоа може да биде знак дека сте премногу одбранбени. Дали ликот во  вашиот цртеж е во движење? Ако ликот на цртежот стои во место, тоа значи дека сакате да се заштитите од околината и дека имате проблем со адаптацијата. Ако човек на цртежеот оди, тоа значи дека знаете во која насока се движите во животот.

 

Translate »