Убиство во Чаир, застрелано 24 годишно момче

Вооружен инцидент се случи попладнево на улица Џон Кенеди во Чаир,  пред средното училиште „Цветан Димов”. Засега непознати лица пукале со автоматско оружје  кон Бујар Идризи (1993) од Скопје.

Момчето е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за анестезија, реанимација, интензивно лекување (КАРИЛ).Врз него била  извршена 45-минутна реанимација, но безуспешно.

Мотивот за убиството засега е непознат.

Translate »