На кои работи не смеете да заборавите пред зимување!
Зимувањето на планина, честопати подразбира возење во зимски услови, на снег, или на дождлив, лизгав коловоз, што бара посебно внимание и предходна проверка на исправноста на вашиот автомобил.
Еве на кои работите треба да внимавате:
Акумулатор
Акумулаторите особено се оптоварени во зима, и треба да се проверат, особено ако се стари. Бидејќи лесно се случува да заборавите сијаличка во автомобилот и да се испразни акумулаторот. Исто така пред да патувате, проверете го нивото на електролити и по потреба додајте дестилирана вода до пропишаното ниво.
Зимска опрема
Не заборавајте ланци, и друга зимска опрема, како и алат за замена на гуми и прибор за прва помош. За безгрижно патување, проверете ги и сијаличките и носете си резервни со вас.
Гуми
Проверете ја состојбата на гумите и ако има потреба, однесете го автомобилот на вулканизер. Меките гуми при големи брзини може да се деформираат и да пукнат. Обавезно проверете ја и резервната гума и напумпајте ја. Прописно напумпаните гуми штедат гориво и овозможуваат сигурно возење, без проблеми.Во зимски услови, возете со зимски гуми.
Моторно масло
Пред да тргнете на пат, проверете дали треба да се замени моторното масло во зависност од километражата која планирате да ја поминете. Редовната замена на маслото ја подобрува чистотата и долготрајната работа на моторот. Маслото менувајте го најмалку еднаш годишно. Моторот обично троши од 0,05 до 1 литар на 1000 километри.Проверувајте го нивото на моторно масло на секои 500-1.500 километри, водејќи сметка возилото да е во рамна хоризонтала.
Не заборавајте да го смените и филтерот и за секој случај, секогаш носете си дополнително шише моторно масло во автомобилот.
Кочници
Неисправноста на кочниците е една од работите кои може да предизвикаат сообраќајна незгода. Задолжително проверете ги кочниците пред да тргнете на пат и ако има потреба, додајте течност во садот. Ако забележите дека често треба да се додава течност, тоа е знак дека има истекување во системот.Користете квалитетна течност од проверен бренд.
Течност за миење на ветробранско стакло
Чистото ветробранско стакло е клучен фактор за сигурно возење бидејќи овозможува добра прегледност на патот. Задолжително проверете го нивото на течноста за миење на ветробранското стакло и ако има потреба, додадете.