Се обесил бидејќи девојката го оставила
32-годишен стражар во затворот ” Забела”е пронајден обесен на слива во село кај Пожаревац. Тој си пресудил откако девојката со која одел , го напуштила. Пред да се самоубие, тој и пратил на девојката порака по СМС да излезе пред куќата за да ѝ каже нешто. Кога излегла, го видела обесен на дрво пред нејзиниот дом. Домашните веднаш викнале Брза помош, но било предоцна за реанимација. Лекарите констатирале смрт.
Селаните раскажуваат дека двајцата се запознале во судот во Пожаревац, каде работи девојката, а тој слубено ги спроведувал притворените. Поради авантурата, сега починатиот, сакал да се разведе, а ситуацијата кулминирала кога девојката го оставила. Неговите колеги сведочат дека оттогаш престанал да зборува со нив, се повлекол и паднал во депресија.
Од казнено поправниот дом” Забела” соопштија дека нивниот вработен се самоубил додека бил на одмор.