Пакомак постави нови контејнери за селекција на стакло

Компанијата „Пакомак“ постави нови контејнери за селекција на стаклен отпад на повеќе локации низ Република Македонија. Вакви таканаречени „зелени контејнери“ за селекција на стакло се поставени во Скопје, Прилеп, Охрид, Струга, Струмица, Штип и во Велес. Компанијата што ги поставува контејнерите ги повикува сите жители на овие градови да се приклучат на еко-мисијата и да ги користат што е можно почесто.

Инаку, веќе има повеќе акции за спроведување стаклен отпад од домовите, и тоа во Охрид, Прилеп и во Скопје, во населбите Козле, Тафталиџе и во Аеродром, а резултатот е повеќе од 90.000 собрани шишиња, тегли и друг стаклен амбалажен отпад.

Translate »