Забавете го биолошкиот часовник на кожата
Иако стареењето претставува природен процес, сите сакаме што подолго да останеме млади и да ги задржиме најдобрите карактеристики на кожата од младешките денови – свежината, еластичноста, блескавоста и цврстината. Нашите совети ќе ви помогнат во тоа!
Секојдневна оптимална хидратација овозможува оксидативен процес во кожата, кој е важен за неутрализирање на дејството на слободните радикали. Ако на кожата не ѝ се обезбеди доволно влага, малите брчки се многу повидливи, а кожата нема да може да се регенерира.
Стимулирајте го процесот на обновување на клетките
Со тек на годините, овој процес се забавува, а слојот мртви клетки се задржува на површината на кожата. Затоа лицето ги губи младешкиот сјај и боја. Пилинг во домашни услови, двапати неделно, е брз, ефикасен и безбеден начин да се ослободите од слојот мртви клетки и на лицето да му ја вратите свежината. Со отстранување на мртвиот слој се олеснува и впивањето на состојките од козметичките производи.
Потпрете се на хијалуронската киселина – Веќе со години оваа ефикасна и безбедна природна супстанција, која се наоѓа во нашето тело, сосема е оправдано задолжителна состојка на препаратите против стареење. За неа е докажано дека на долги патеки го намалува појавувањето на мали брчки, интензивно ја хидрира кожата и има антивоспалително влијание. Наш предлог: колекцијата Eucerin Xyaluron Filler.
Не е лошо да знеме и дека чадот од цигари ги уништува колагенот и еластинот во кожата и гарантирано предизвикува појава на повеќе брчки, губење на сјајот и до проширување на порите. Виното можеби е корисно за срцето, но повеќе од една чашка алкохол го зголемува нивото на воспалителни материи во крвта – што со тек на време може да го забрза опуштањето на кожата. Некои научници веруваат дека премногу шеќер во исхраната може да ја наруши способноста на организмот да ги обнови резервите на колаген.
Не игнорирајте ги очите
Кожата околу очите не само што е потенка во однос на сите други делови од телото туку е и изложена на повисок степен на оштетување. За почеток, престанете да ги триете очите, бидејќи секој пат кога го правите тоа ризикувате да испукаат нежните крвни садови во овој дел, што доведува до потемнување, здебелување на кожата и до губење на нејзиниот сјај
Нахранете ја кожата на лицето
Избегнувањето на маснотиите е погрешен потег – и во исхраната и во негата на кожата. Корисните маснотии во рибиното масло, лененото семе, авокадото и во ноќничето содржат високо ниво на линолениска киселина, што ѝ овозможува на кожата да создава компоненти што ја задржуваат влагата. Освен тоа, застапеноста на намирниците со богата содржина на антиоксиданси (овошје и зеленчук) во исхраната е еднакво важна како и нивната директна примена на кожата.
Правец во аптека!
Доколку не сте сигурни како да го изберете најдобриот антиејџ-препарат за вас, не експериментирајте со непроверените формули што се продаваат во парфимериите и во супермаркетите. Најдобро е да побарате помош од стручно лице во аптека, во која се продава медицинска козметика, која е резултат на долгогодишни научни студии и е дерматолошки тестирана