Бомбици со компир и кашкавал
Направете вкусен ручек со компир и кашкавал. Овие бомбици се топат во уста, заситуваат, а имаат богат вкус.
Еве го рецептот:
СОСТОЈКИ:
- 300 гр компир варен
- 2 јајца
- 100 гр брашно
- 2 лажици врело млеко
- 150 гр пармезан
- 2 јајца за поховање
- презла
- магдонос
- масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Сварениот компир кој е претходно излупен се пасира уште додека е топол, а потоа во смесата се додаваат и јајцата, брашното, млекото и пармезанот.
- Се соединува убаво, па со рака се формираат топчиња, односно бомбици.
- Секое топче од сите страни убаво поминете го во сад со јајце, сад со презла, а по вкус и во сад со ситно сецкан магдонос.
- Се пржат во сад со загреано масло додека да заруменат.
- Ставете ги на салфета да ја впијат маснотијата, па послужете.
Пријатно јадење!Gotvi.mk