Рита Ора ќе слави на Косово, српските фанови лути
По повод десетгодишнината од самопрогласување независност на Косово, пејачката со албанско потекло Рита Ора подготвува специјално изненадување за своите сограѓани.
Рита, која е родена во Приштина, на социјалните мрежи објави дека ќе присуствува на одбележување на десетгодишнината од самоопределувањето на Република Косово.
” Многу сум возбудена што ќе учествувам на одбележување на 10 годишнината на независноста на Косово, на 17 февруари. По тој повод измислив и лого за маици кои можете да ги купите како спомен на ноќта која ќе ја поминеме заедно” , напиша пејачката на инстаграм на англиски и албански јазик.
Ова ги налути нејзините фанови во Србија. Некои од нив и порачаа дека не е добредојдена на Косово и дека тоа ќе значи крај за нејзината кариера.