Контрапротест на грчките млади левичари во Атина- Македонија им припаѓа на мечките!
Во близина на собирот за македонското име во Атина, стотици млади левичари протестираат против растечкиот национализам кон северниот сосед. Полицијата постави бариери за да го спречи контактот меѓу демонстрантите. Контрапротестот се одржува пред атинскиот универзитет. Младите носат парола на која пишува : “Македонија припаѓа на нејзините мечки” , алудирајќи на резерватот на мечки кој се наоѓа кај Леринско.