Сторителот секогаш се враќа на местото на злосторот-Фетаи раскажува за своето одење во диско
Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи беше една од жените која говореше на настанот ПичПрич на тема „Добив“
Фетаи го раскажа своето искуство во стилот на кривично-правен настан, односно дека била ставена на судот на јавноста за нејзината покана за одење во диско или како што таа се пошегува дека била обвинета за „сакање“, дека ете посакала еднаш да отиде во диско.
Таа, вечерта, во дискотеката сретнала и колега судија кој исто така бил изненаден „што таа бара таму“.
Фетаи вели дека не „признава“ вина и затоа не добила условна казна, а како и секој злосторник има намера да се врати на местото на злосторот, односно повторно да отиде во диско.
Специјална обвинителка раскажа и како добила официјално барање од граѓанин да ги врати шишките кои одлично и стоеле. Таа објасни дека по барањето постапила службено и дека му објаснила на поднесителот дека СЈО нема надлежност да преземе понатамошни дејства .