Сакале да му ја ограбат колата, а брокерот ги растурил од ќотек(Видео)

Двајцата разбојници избрале  на погрешен човек да му  украдат колата. Стефан Кени (33) од Лондон откако забележал дека  криминалците,  кои биле на мопед,  сакаат да му провалат во колата, по пижами се спуштил  од станот и почнал да ги брка и  тепа. Кени , брокер по професија, порано бил страствен играч на рагби, а сега 3 пати неделно тренира бокс.

Сепак признава дека тепачката со двајца  не била лесна и дека во еден момент се уплашил дека можат сериозно  да го повредат.Она што најмногу го шокирало , е тоа што никој од очевидците не се ни обидел да му помогне. Напротив, вели тој, додека барав помош, луѓето само стоеја околу , а еден  господин цело време снимаше.

Стефан Кени во својот стан

За среќа, пристигнала полицијата и го привела едниот криминалец, кај кого се најдени десетина украдени мобилни телефони.

 

 

Translate »