Во очекување на Коѕиас, се отстранува натписот „Александар Велики“ од аеродромот

На скопскиот аеродром се отстрануваат буквите од натписот „Александар Велики“  на зградата на терминалот на аеродромот.

Со ова концесионерот на македонските аеродроми ТАВ Македонија почна да ја спроведува одлуката на Владата за преименување на аеродромот.

Пред неколку дена почна остранувањето и на таблите со името на автопатот Александар Велики долж Коридорот 10 што исто така со владината одука беше преименуван во ново име – пријателство.

Следната недела во Скопје треба да пристигне грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас.

Translate »