Османи ја донел одлуката како Европеец , а не како Албанец

Бујар Османи вели дека одлуката да не оди на конференцијата во Бања Лука ја донел согласно интересите на државата и стратегијата на ЕУ.

“Одлуката не ја донесов како Албанец, туку како европеец, којшто верува во европската иднина на регионот. Стратегијата на ЕУ за регионот предвидува перспектива на сите шест земји од регионот за членство во ЕУ и еден од предусловите за да може овој регион да стане дел од ЕУ, е помирувањето. И било каква иницијатива со која не се дава придонес кон помирувањето, туку напротив се исклучува една од државите, е спротивна на идејата на самата Стратегија” – вели вицепремиерот за евроинтеграции Османи.

Тој посочи дека и да не била повикана некоја друга држава, немало да учествува на таа конференција, бидејќи, како што рече, не е во духот на соработката и регионалното помирување.

– Сметам дека таа одлука е во рамки на интерсите на државата -,додаде Османи.

Османи одлучи да не оди на конфернцијата во знак на протест  бидејки не била поканета делегацијата од   Косово.

Translate »