Ќе се укине забраната за купување алкохол во вечерните часови, и нема да се продава на одредени места
Целосно ќе се укине забраната за продажба на алкохол во вечерните часови. Со новото законско решение што го предлага Владата, алкохолот ќе може да се купува во секое време, но нема да се продава на бензиските пумпи, како што првично се шпекулираше.

Дали ќе го има и на киосците, зависи од интересот на трговците кои може да интервенираат во предложениот текст. Од Министерството за економија велат дека законот е објавен и наскоро ќе се најде во собраниска процедура. За трговците остануваат задолжителните лиценци.

