Кинезите влегоа во “Мерцедес”
Кинескиот автопроизводител „Geely“ стана најголемиот инвеститор во „Daimler“, сопственикот на „Mercedes-Benz“, со надеж дека ќе соработува со германскиот гигант во производството на електрични автомобили.
Акциите на „Geely“ скокнаа на берзата во Хонгконг по склучувањето на зделката за купување на речиси 10% од компанијата.
Кинескиот автопроиводител веќе целосно ги поседува шведски „Volvo“ и производителот на црни такси-возила „London Taxi Company“.
Претседателот на управниот одбор на компанијата Ли Шуфу се очекува денеска да се сретне со извршините директори на „Daimler“ и со претставници на германската влада кон крајот на неделата.
Влогот од 9,7% на „Geely“ во германскиот автомобилски гигант подгреа загриженост дека кинеската компанија ќе бара пристап до технологијата и иновациите на „Daimler“ во замена за зделката.
Меѓутоа, германската влада рече дека „не гледа потреба од преземање мерки во поглед на правила за конкурентност или правила за странски инвестиции.“
Кина се смета за еден од најважните пазари за глобалните автопроизводители во иднина.
Традиционалните автопроизводители се соочуваат со сериозна конкуренција од новите имиња во технолошкиот сектор, како „Tesla“ и „Waymo“ на Google.