Совети од Д-р Соња Петрушеска: Идеална грижа за кожата по летниот одмор!
Сувата кожа е проблем што често се јавува кај многу луѓе, особено по завршување на летниот одмор. Но кога зборуваме за сува кожа, често под сува кожа подразбираме и дехидрирана кожа. Тоа се две различни состојби, со оглед на тоа дека имаме различни типови на кожа. Ова е важно да го имаме предвид доколку сакаме оптимално да ги задоволиме потребите на нашата кожа. Имено, како кожата на лицето, така и кожата на нашето тело може да биде масна, комбинирана, нормална и сува. Ова го напоменуваме за да укажеме на различните потреби на кожата зависно од нејзиниот квалитет. На пример, масната кожа обично бара само интензивна хидратација. Иако по годишните одмори таа изгледа сува, се лупи и ние имаме впечаток дека треба да се замасти, сепак за неа најдобро е да и овозможиме длабока хидратација со хидратантна емулзија, како на пр. Еуцерин Aqua Porin лосионот за тело.
Нормалната и комбинираната кожа бараат повеќе хидратација, а во одреден степен и замастување. Затоа е потребен лосион, т.е. млеко за тело кое има поголема густина од емулзијата, како на пример pH5 лосионот од црвената линија. Тоа е воедно и производ со кој можеме да ја негуваме и детската кожа за време и по летниот одмор, бидејќи децата до влегување во пубертет обично имаат сува кожа заради пониско ниво на половите хормони.
Сувата кожа е најпроблематична за третман, бидејќи е и најосетлива и склона на најразлични реакции. Осетливата кожа бара посебна нега! При секојдневното чистење и нега на сувата кожа, од особена важност е постигнувањето на оптимална рехидратација и поттикнување на регенеративниот процес на нарушената липидна кожна бариера. Потребите на овој тип на кожа можеме да ги задоволиме со помасен лосион, кој во себе истовремено содржи како додаток и природни хидратантни фактори за кожата-супстанции кои ја врзуваат и задржуваат водата во кожата, со што овозможуваат хидратација. Пример за таков лосион е Лосионот со 10% Уреа, кој истовремено делува смирувачки и на чешањето, симптом кој често ја прати сувата кожа. И останува уште една група-тоа се луѓе (бебиња, деца и возрасни) со многу сува кожа и атопична конституција. Кожата кај нив е речиси секогаш многу сува, повремено станува груба и испукана, склона е да се вцрвенува и да чеша. На ваквата кожа и е потребна секојдневна интензивна нега со лосионот 12% Омега, кој има моќ да ја стабилизира природната заштитна липидна бариера, ги смирува црвенилото и јадежот и долготрајно ја подобрува состојбата на кожата.
Исто така особено ја препорачуваме новата колекција Eucerin® UltraSENSITIVE, производи кои не содржат парабени, парафини, алкохол, парфеми и други хемиски додатоци на кои реагира осетливата кожа и кои знаат да предизвикаат црвенило, чешање и затегнатост. Ја содржи иновативна состојка SymSitive која ја смирува кожата со влијание директно во изворот на проблемот, а восокот дава чувство дека кожата е потхранета и хидрирана.
Секако дека кај сите типови на кожа големо влијание има и средството за измивање. Убаво би било кога негата на кожата би ја дополниле со адекватно средство за измивање од истата линија на производи, со што би го постигнале максималниот ефект во подобрување на состојбата на нашата кожа. А, до колку се најдете во дилема каков тип на кожа имате и не можете да се одлучите како да и помогнете на Вашата кожа, обратете се кај Дерматолог, кој сепак е професионалец во оваа област и кој со своите совети и упатства ќе ве насочи во правилната насока…..
Др.Соња Петрушеска
Спец.Дерматовенеролог