Амантидис: Грција бара име за севкупна употреба
Заменик шефот на грчката дипломатија, Јанис Аманатидис во интервју за првата програма на државното радио изјави дека премиерот Зоран Заев преку неговите изјави на силен начин ја изразил политичката волја за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името.
Како пример за тоа, тој го посочува преименувањето на аеродромот и автопатот и „отстранувањето на симболите на иредентизмот“.
Заменикот на Никос Коѕијас, вели и дека Грција бара ерга омнес име што значи употреба и во внатрешноста на земјата.
Сепак смета дека, тие треба да се задржат на суштината на преговорите. Грција, потенцира тој, бара ерга омнес, односно име за севкупна употреба. Аманатидис избегна да ги коментира преговорите, но порача дека во процесот има волја и од двете страни.
Македонија има шанси, нашите очекувања се во април месец да добиеме безусловна препорака, а во јуни месец да добиеме датум за отпочнување на преговорите, изјави вчера во Софија, премиерот Зоран Заев. Тој очекува спорот за името со Грција наскоро да биде решен и вели дека тоа би било добро и за Скопје и за Атина и за ЕУ.